Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА СТАТИСТИКА: Колку луѓе починале во затворите во Сирија?

ЦРНА СТАТИСТИКА: Колку луѓе починале во затворите во Сирија?

За четири години заклучно со лани во сириските затвори починале скоро 18.000 луѓе.

Ова го објави „Амнести интернешенел“, пренесе агенцијата „Фена“.

Во документот под насловот „Крах на луѓето: Мачења, болести и смрт во сириските затвори“, се наоѓаат 65 интервјуа со преживеани жртви на тортурата, кои зборуваат за злоставувањата во затворите и притворските центри. Владата во Сирија постојано ги негира овие информации.

Групата за човекови права апелира до светската заедница да изврши притисок врз Дамаск за прекин на мачењата.

„Амнести интернешенел“ тврди дека повеќе од 17.723 лица починале во затворите низ Сирија, или во просек  10 луѓе дневно. Секој од затворениците при доаѓањето во затворот бил мачен и злоставуван во рамки на „забавата за добредојде“ која ја подготвувале чуварите. Жените биле сексуално искористувани.

„Амнести интернешенел“ наведува дека Владата со децении користи насилство против сите оние што имаат различно мислење или се противат на нејзината работа.

Слично

Поврзани вести