Ципрас предупредува – Европа ќе се распадне ако нема раст
Грчкиот премиер Ципрас ќе се обиде преку лобирање на јужните држави на Европа да изврши притисок врз Брисел за нееднаквата економска политика и дека состојбата на Грција лесно може да се прелее во Италија, Шпанија или Португалија.
- Европа се соочува со длабока криза, тоа е како месечар кој оди кон провалија Ципрас. Ако не се даде приоритет на вработување, Европа е во опасност од распаѓање, со други референдуми и отфрлање на Европската унија и со антиевропски влади во рамките на ЕУ, предупреди грчкиот премиер.
Утре во Атина ќе се одржи Самитот на Средоземието на кој ќе учествуваат и францускиот претседател Оланд и италијанскиот претседател Ренци. Главни пораки кои Ципрас сака да ги испрати се простување на добар дел од долгот кој го има Грција, спроведување на развојна економска политика и тргање на стегите на Германија која ја нарекува „штедна“ банка.
Со ова до израз доаѓа судирот меѓу Северните и Јужните држави на ЕУ меѓу кои има непомирливи економски разлики и спротиставености што ги тресат столбовите на Обединета Европа.
Слично
