Централните банки на Русија, Бразил и Ирак купиле најмногу злато за државните резерви
Централните банки минатата година купиле 534.6 метрички тони злато, што е најголема количина на овој благороден метал во последниот половина век. Според извештајот на World Gold Council, последен пат толкава количина на злато од страна на Централните банки е купено во 1964 година. Најмногу злато лани купувале Централните банки на Русија, Бразил и Ирак.
Нето купувањето на злато на Централните банки во светот лани ја зголеми побарувачката на овој метал за 12%, споредено со рстот од 10% претходната година, се вели во извештајот на World Gold Council.
“Земјите кои се најголеми купувачи на злато, продолжуваат да се развиваат, и тие во голема мера стојат во основата на растот на побарувачката на златото во последните години”, се вели во извештајот.
Во голема мера купувањето на злато ја создало потребата од диверзификација на зголемените девизни резерви. Најактивните купувачи се богатите земји со нафта и земјите со значителен обем на извоз на суровината и приходи во американски долари.
Слично
