Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата во пораст поради терористичките напади во Париз

Цените на нафтата во пораст поради терористичките напади во Париз

Цените на нафтата денеска во Азија пораснаа, во светло на геополитичките тензии предизвикани од терористичките напади во Париз, но аналитичарите наведуваат дека високите глобални залихи на нафта ќе спречат значајно зајакнување на цените.

Француските борбени авиони синоќа го извеле досега најобемниот напад на мета на Исламската држава во Сирија, два дена после терористичкиот напад во Париз, предизвикувајќи страв дека ќе дојде до раст на тензиите на нафтениот богат Блиски исток, пренесува Франс прес.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во декември порасна 19 центи на 40,9, долари за барел додека за 30 центи поскапе и сировата нафта од типот „брент“ на 44,77 долари исто така за декемвриските испораки.

„Растот на цените поттикнат од геополитичките тензии ќе биде краткорочен. На долг рок, на цените ќе влијаат глобалните залихи на нафта и побарувачка, а со вака високите залихи тешко дека цените значајно ќе растат“, рекол аналитичар од сингапурската фирма „Philip futures“ Даниел Анг.

Силниот долар исто така го ограничува растот на цените, бидејќи со нафтата се тргува во долари, чие јакнење на тој енергент го прави поскап за купувачите кои имаат послаби валути, што доведува до пад на побарувачката. Цените на нафтата од средината на 2014 година се повеќе од преполовени од нивото преку 100 долари за барел.

Слично

Поврзани вести