Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата паѓаат во Азија: Силниот долар го влече црното злато кон дното!

Цените на нафтата паѓаат во Азија: Силниот долар го влече црното злато кон дното!

Цените на нафтата во Азија продолжија да паѓаат денес притиснати од јакнењето на доларот, и бидејќи на стравувањето од слабеењето на побараувачката во Кина додатно допринеле очекувањата дека глобалната преголема понуда ќе трае со години.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во септември поефтини на Њујоршката берза 12 центи на 41,75 долари, пренесува агенцијата Франс прес.

(WTI) нафтата во последните два месеци изгуби повеќе од 30 одсто од вредноста, спуштајќи се на најниско ниво од март 2009 година.

Нафтата од типот „брент“ за октомвриската испорака во Лондон поефтинила денес 11 центи на 48,63 долари, и остана под психолошката граница од 50 долари за барел.

Цените на суровините во последните месец дена беа во пад поради загриженоста во врска со стабилната побарувачка од Кина и преголемите глобални залихи на нафта, посебно во САД, наведува истражувачката куќа Капитал економикс. Компанијата BMI рисерч, филијала на бонитетната куќа „Фич“, предвидува дека високите глобални залихи на нафта ќе потраат до 2018.

„Враќањето на ирнaнската нафта на пазарот, заедно со силното производство на тој енергент во Северна Америка на Блискиот исток, во западна Африка и Казахстан ќе доведе до тоа растот на глобалната понуда на нафта да го надмине растот на глобалната потрошувачка на нафта во наредните две години“, наведува BMI.

Слично

Поврзани вести