ЦЕНАТА НА ТЕРОРИЗМОТ: Колку пари потроши Русија во борбата против ИСИС
Трошоците на руските вооружени сили во воената операција во Сирија, изнесуваат неколку милијарди, а неодамна се дуплираја, откако Сириската армија покажа помала ефикасност одколку што се очекуваше.
Русија има потрошено над три милијарди долари во една година, наведува агенцијата Bloomberg цитирајќи стручњаци од Royal United Services Institute (RUSI).
Според податоците од институтот, до појачувањето на воздушните напади во ноември, трошоците на воздушните сили на Русија изнесувале четири милиони долари дневно, а сега се два пати поголеми.
Bloomberg предвидува дека воената операција во Сирија ќе потрае и во наредните неколку години.
„Операцијата ќе трае уште најмалку година дена.” – вели Франц Клинчевиќ, прв заменик претседател на Одборот за одбрана и безбедност.
