Цената на нафтата на светските пазари со нов пад во Новата година
Цената на нафтата на лондонската берза „ICE“ на последниот ден од 2014 година достигна цена под 56 долари за барел односно биле склучувани договори за испорака на типот „Брент“ во февруари по цена од 55,82 долари.
Слични цени не се видени на берзите од избувнувањето на светската криза во 2008 година па наваму.
Сегашното нивото на цената на црното злато е два пати под максимумот кој беше регистриран во јуни на околу 115 долари за барел.
WTI на 31 декември падна под 53 долари за барел, следејќи го надолниот тренд, наметнат по ноемвриската одлука на земјите од ОПЕК да продолжат да пуштаат на пазарот по 30 милиони барели дневно.
Слично
