Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целите на ИД: Секој бизнисмен, млад, старец, неверник…

Целите на ИД: Секој бизнисмен, млад, старец, неверник…

Организацијата „Исламска држава“ ги објави целите во новото списание.

„Муслиманите кои живеат во земјите на неверниците, треба да ги потсетиме дека убиството на овие неверници е форма на почит на Алах. Меѓу овие неверници се вклучуваат и бизнисменот кој оди на работа со такси, и младинците кои вежбаат во парковите, и старецот, кој чека на ред за сендвич.  Дури пролеаната крв на улиците на продавач на цвеќе може да внесе ужас во срцата на неверниците " - е пораката во списанието,  цитирано од агенциите.

Кон пораката имаше слика на цвеќарница на 64-годишниот Британец Стивен Лејланд. Тој самиот беше шокиран, а разузнавачите сметаат дека неговата слика е симната од интернет.

Новото издание на ИД  излезе на 5 септември. Тоа се издава на осум јазици - англиски, турски, ујгурски, почунски, руски, индонезиски, француски и германски, што значи дека групата се потпира многу на ова ново списание.

Слично

Поврзани вести