Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цели семејства се убиени во нападот во Ница

Цели семејства се убиени во нападот во Ница

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба, откако синоќа околу 22.30 часот 84 лица се прегазени со камион, а повеќе од 50 се повредени во нападот во францускиот туристички град Ница.

Од повредените 18 се во исклучително тешка состојба. Нападот се случи на денот на националниот празник на земјата. Меѓу загинатите има многу деца, како и цели семејства, објавија локалните медиуми.

Градот е во жалост поради масакрот, а локалните болници ги повикаа луѓето да донираат крв за настраданите.

Исламската заедница во Франција остро го осуди нападот. Во меѓувреме, властите во Ница го откажаа концертот на светската поп ѕвезда Ријана.

Слично

Поврзани вести