ТРУПААТ ВОЈНИЦИ НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА: Унгарија не сака бегалци
Унгарија двојно го зголемува бројот на војници на јужната граница.
Овие војници ќе бидат распоредени долж границата со Србија.
„Зголемен е притисокот врз мигрантите на тој дел од границата, откако 80 од нив во вторникот се обидоа да преминат во Унгарија од Србија“, изјави Гергели Гулијас, шеф на канцеларијата на премиерот.
Вели дека пет од нив успеале во тоа, но се уапсени и е покрената казнена постапка против нив.
Додава дека во овој момент на таканаречената балканска рута има повеќе од 100.000 мигранти. По две мирни години, очекуваат нов прилив на бегалци.
Овие денови, група бегалци сакаше да влезе на унгарска територија при што полицаец пукаше.
Слично
