Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРУЕЊЕ СО ЈАБОЛКОВА РАКИЈА: Починаа 16 Руси, другите се лекуваат

ТРУЕЊЕ СО ЈАБОЛКОВА РАКИЈА: Починаа 16 Руси, другите се лекуваат

Во областа Улјановск вo западна Русија 16 луѓе починале по труење со јаболкова ракија.

Информацијата денеска ја соопшти регионалниот гувернер Алексеј Руских. Симптоми на труење имале 35 лица, од кои 16 починале, а останатите добиваат лекарска помош, пренесува Известија. Руских изјавил дека биле отруени од пијалокот „Мистер сидер“, кој се произведувал во Самарскиот регион. Тој кажа и дека во тек е заплената на тој производ. Приведен е претприемач од областа Самара, осомничен дека ги снабдувал жителите со јаболкова ракија.  Јаболковата ракија содржела смртоносни количини на метанол, кој е многу поотровен од етанолот кој се наоѓа во обичните алкохолни пијалоци.

Труењата од домашно произведен алкохол се редовна појава во Русија, затоа што луѓето бараат поевтини опции од вотката што се нуди во продавниците. Во декември 2016 година, 78 луѓе починаа во и околу сибирскиот град Иркутск, откако пиеле лосион за бањи кој содржел метанол - токсичен вид индустриски алкохол.

фото Твитер РИА новости

Слично

Поврзани вести