Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трудо: Не смееме да дозволиме Русија да победи

Трудо: Не смееме да дозволиме Русија да победи

Знаевме дека војната ќе трае долго, вели канадскиот премиер Џастин Трудо. 

Трудо изјави дека земјите од Г7 се свесни дека војната во Украина ќе трае долго и дека се подготвени да го поддржат Киев додека е потребно. За темпото на актуелната украинска контраофанзива, тој кажа дека лидерите на Г7 „секогаш знаеле дека војната ќе биде долг процес“.

„Секако од разговорите што ги имавме во Г7 и НАТО, ние сме подготвени за војна која ќе трае онолку колку што е потребно, бидејќи не можеме и не смееме да дозволиме Русија да победи“, рече тој во интервју за Блумберг.

Овие изјави се дадени во време на почетокот на преговорите меѓу Украина и Канада за билатерален договор за долгорочни безбедносни обврски.

Во ризик се и други земји освен Украина. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитриј Медведев деновиве изјави дека Русија може да ги анектира отцепените грузиски региони, Абхазија и Јужна Осетија. 

Слично

Поврзани вести