Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трошоците на Газпром за „Јужен поток“ пораснаа за 20%

Трошоците на Газпром за „Јужен поток“ пораснаа за 20%
Рускиот гасен гигант "Газпром " треба да потроши вкупно 23 милијарди долари меѓу 2011 и 2017 година за проширување на локалниот гасен систем , за да може гасоводот " Јужен поток " да се поврзе со Европа , со што се зголемува цената на целиот проект со околу 20 проценти , соопшти " Ројтерс " . Проектот за гасоводот " Јужен поток " , сфатен како руски одговор на обидите на Европа да најде алтернативни испораки на гас , треба да пренесува околу 63 милијарди кубни метри гас преку Црното Море , Бугарија , Србија , Унгарија и Словенија до Италија . Во документот објавен на сајтот на " Газпром" , компанијата наведува дека ќе мора да потроши дополнителни 6,9 милијарди долари за нови капацитети на локалната мрежа , што е за 45 проценти повеќе од претходната проценка од 510 милијарди рубљи за овие трошоци . " Газпром" не прецизира на што се должи тоа покачување . Трошоците за проширување на рускиот гасоводен систем на "Газпром ", заедно со трошоците за самото градење на " Јужен поток " сега ќе изнесуваат околу 46 милијарди долари. Претходно, рускиот гасен монопол одредуваше дека цената на изградбата на гасоводот ќе биде 17 милијарди евра .  
Слично

Поврзани вести