Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тропско невреме им се заканува на овие региони

Тропско невреме им се заканува на овие региони

Тропскoто невреме  Ирма постепено зајакнува над источниот дел на Атлантскиот Океан, а според Националниот центар за урагани на САД, се очекува денеска или утре да се претвори во ураган.

Невремето се наоѓа на околу 770 километри западно од Зелено ’Ртски Острови и одржува максимална брзина на ветерот од 95 километри на час.

Засега не е издадено предупрадувања за опасност.

Националниот центар за урагани на САД, предупреди дека во Тихиот Океан се создава тропската бура Лидија, на околу 290 километри југоисточно од мексиканската сојуз на држава Долна Калифорнија, а во текот на следните денови се очекува да се претвори во ураган.

Властите во Мексико издадоа предупредување за тропски бури и можност за урагани во јужниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, наведувајќи дека постои веројатност крајбрежниот регион, вклучително и одморалиштетот Лос Кабос, да биде погодено од силни ветрови и поројни дождови.

Се учекува невремето да се претвори во ураган уште пред да стигне до брегот.

Невремето се движи кон север со 11 километри на час и одржува ветер со максимална брзина од 65 километри на час.

Слично

Поврзани вести