Тропска бура однесе во смрт 80 луѓе
Во тропска бура во Мадагаскар, загинаа 80 луѓе. Уништени се многу куќи, а жителите се оставени без струја.
Претставникот на УНИЦЕФ во земјата, Жан Беноа Манхес вчера предупреди дека поголем дел од жртвите веројатно се деца, кои сочинуваат повеќе од 50 отсто од населението во земјата. Разорната тропска бура Ана помина низ островот, при што 130.000 беа раселени. Циклонот Бацирај го погоди копното во саботата навечер и го погоди источниот брег со силен дожд и налети на ветар од 165 километри на час. Се смета дека до 150.000 луѓе би можеле да бидат раселени.
Фото: EPA-EFE/HENITSOA RAFALIA
Слично
