Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца од напаѓачите на хотелот во Мали се убиени

Тројца од напаѓачите на хотелот во Мали се убиени

Тројца од вооружените напаѓачи кои го зазедоа хотел „Радисон Блу“ во Бамако, биле убиени за време на тековната операција на силите за безбедност. Ова го пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации од независниот малиски сајт „Abamako reports“.

Наводно, вооружените се насочени кон покривот на зградата.

Потсетуваме рано наутро вооружени лица го нападнаа луксузниот хотел во главниот град на Мали и ги зедоа за заложници гостите и персоналот. По акцијата на специјалците беа ослободени 80 луѓе. Сопственикот на хотелот изјавил дека во зградата сеуште се наоѓаат 138 луѓе - 125 гости и 13 вработени.

Од информациите кои се познати до сега, помеѓу гостите на хотелот имало Французи, Германци, Кинези, Индијци, Турци и двајца Мароканци.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е можно да има американски граѓани во хотелот каде џихадистите држат заложници.

Напаѓачите убиле три лица - двајца полицајци и еден Французин.

Слично

Поврзани вести