Тројно поголем профит оствари Philips во вториот квартал од годината
Тројно зголемување на профитот во вториот квартал од годинава објави холандската компанија Royal Philips Electronics NV. Според аналитичарите, постигнатиот резултат се должи на мерките за штедење на компанијата и зголемување на ефикасноста, меѓу кои се намалување на персоналот, продажба на средства и фокусирање на клучните активности.
Како што покажуваат податоците на компанијата, нејзините приходи изнесуваат 5.65 милијарди долари за периодот април – јуни, што е пораст од 3% во однос на вториот квартал на 2012 г.
Профитот на компанијата изнесува 530 милиони евра, за разлика од 408 милиони евра една година порано. За извештајниот период, чистата добивка на Philips изнесува 317 милиони евра, во споредба со 102 милиони евра во истиот период лани.
Аналитичарите очекуваа добивката на Philips да биде 262 милиони евра, а приходите на компанијата 5.596 милиони евра, пренесува Reuters.
Philips спроведува програма за намалување на 6.7 илјади работни места и намалување на трошоците за 1,1 милијарди евра до 2014 година.
Слично
