Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трогателна приказна за евреин од Аушвиц чија ќерка стана милијардер

Трогателна приказна за евреин од Аушвиц чија ќерка стана милијардер
Вера Герин, чијшто покоен татко Неитн Шапел преживеал два нацистички концентрациони логори и прераснува во еден од  најголемите градежни претприемачи во Калифорнија, стана милијардер минатата недела откако Toll Brothers Inc. се согласија да го откупат семејниот бизнис  Shapell Industries Inc. за 1,6 милијарди долари. Toll, кој е најголемиот градител на луксузни живеалишта во САД  на Shapell ќе им плати во готово. Зделката ќе ги зголеми парцелите кои се контролирани од Toll во Калифорнија, за над два пати, а најголемиот дел од нив се наоѓаат на крајбрежјето каде што неизградено земјипте тешко се наоѓа. Основана во 1955 година компанијата Shapell има изградено околу 70.000 домови и 7000 апартмани во Калифорнија. Компанијата управува со трговски центри, канцеларии и друг бизнис имот на површина од околу 250 000 квадрати. Приходите на под одделението за изградба на домови за првите осум месеци во 2013г. изнесуваат 274 милиони долари. 66-годишната Герин го наследува делот на нејзиниот татко од 43% во компанијата пред неговата смрт во 2007та година. Зделката со Toll ќе и донесе около 690 милиони долари пред да го исплати данокот.  По зделката Shapell ќе продължи да управува со 10 000 апартмани. Покрај тоа компанијата поседува и 5 трговски центри и 4 канцелариски згради. Апартманите вредат 1,5 милиони долари или околу 150 000 долари за еден, а канцелариите и трговските центри се проценуваат на околу 210 милиони долари. Делот на Герин е околу 735 милиони долари  што покажува дека нејзината нето состоjба е најмалку 1,3 милијарди долари. Роден во Полска во март 1922г. под името Натан Шапелски, таткото на Герин ја поминува втората светска војна во Бухенвалд и аушвиц. Поголемиот дел од членовите на неговото семејство, вклучувајки ја и неговата мајка биле егзекутирани. Во неговите мемоари - Witness to the Truth, објавени во 1974та Шапел тврди дека помагал еврејски деца да бидат вадени од Таргова, Полска во празни казани за супа пред да биде испратен во концентрационен логор. Во аушвиц го среќава Макс Уеб коj подоцна се оженил за неговата сестра. По војаната заедно со неговиот брат работеле на градењето домови во баварскиот град Мјонхберг за поранешни затвореници во концентрациони логори. Имигрираат во Калифорнија во 1952г. каде работат со локална градежна компанија пред да се одделат и да осздадат сопствена компанија во 1955та. Најголемиот проект на Шапел е  Porter Ranch, комплекс за домување со површина од 1300 акри на северот од Лос Анџелес, познат по снимањето на неколку сцени од филмовите на Стиве Спилберг. K. K.  
Слично

Поврзани вести