Триумф на Мариса Мејер, скокнаа акциите на Јаху
Скокнаа акциите на Јаху откако синоќа резултатите на компанијата ги надминаа очекувањата на Волстрит.
Јаху во последните три месеци од 2012 година оствари профит од 272 милиони долари, осум отсто помалку во однос на истиот период во 2011 година, но сепак доволно за неговите акции да скокнат за повеќе од четири отсто, а пред крајот на берзанското тргување да се вратат на старото ниво, пренесоа светските агенции.Првиот фискален квартал под водство на новата извршна директорка Мариса Мејер донесе двоцифрен раст на приходите, благодарение на рекламите и он лајн пребарувањата, каде Јаху доминираше пред да го претекне Гугл, компанијата од која Мејер дојде во оваа компанија.
„Многу вредно работевме во изминатите шест месеци. Имаме уште доста работа, а ги гледаме клучните позитивни трендови“, рече Мејер.
Таа сопшти дека Јаху ќе се фокусира на работите кои луѓето ги сакаат на своите смартфони, не обидувајќи се да се натпреварува во областите како што се хардвер и оперативен систем.
Слично
