Тригодишниот аутистичен Ентони пронајден жив по четири дена во шума
Детето кое исчезна во регионот Хантер во Нов Јужен Велс пред четири дена, денеска е пронајдено живо. Видеото кое го објавија австралиските медиуми сведочи за радоста на семејството по неколкудневната траума и неизвесност.
Полицијата соопшти дека тригодишниот Ентони „АЈ“ Елфалак бил лоциран нешто пред 12 часот, неколку километри од неговиот дом во Пути
PolAir го забележал AJ во поток, додека пие вода од него.
„Тие беа во можност јасно да го идентификуваат малото момче, рече командантот на полициската област на долината Хантер, Трејси Чепмен.
Во тој момент малото момче се насмевнало, соопштил главниот инспектор Симон Мерик.
„Секако, експертите со кои се консултиравме, тврдат дека тоа што тој имал пристап до вода, било пресудно да преживее и секако во вакви случаи дехидрацијата е проблем. Очигледно е дека тоа помогна да преживее, вели Мерик.
Од тимот за специјални операции и болничарот Џери Пајк од брзата помош во Нов Јужен Велс, изјавиле дека АЈ е во извонредна здравствена состојба.
Имаше некои мали повреди на потколениците. Беше многу, многу благодарен. Неговата температура беше одлична, но имаше само мал осип на пеленската региа, изјавил Пајк.
Полицијата ќе продолжи да ги истражува околностите за исчезнувањето.
Семејството објави соопштение со кое се заблагодарува на полицијата, службите за итни случаи и јавноста за помошта.
