Економија, финансии, бизнис

Контакт

Триесет години затвор за некогашниот најбогат бизнисмен во Бразил

Триесет години затвор за некогашниот најбогат бизнисмен во Бразил

Бразилската телевизија „Глобо“ јави дека познатиот бизнисмен Ејке Батиста, кој пред неколку години се сметаше за најбогатиот човек во Бразил, е осуден на 30 години затвор за корупција и перење пари.

Судот во Бразил го прифати обвинението, според кое тој му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро Сержио Кабрал, кој пак поради корупција беше уапсен во ноември 2016 година и осуден на 22 години и осум месеци затвор.

Адвокатите на бизнесменот спремаат жалба против пресудата

Слично

Поврзани вести