Тридневно примирје во Газа, САД ја финансираат израелската противракетна одбрана
Нов тридневен прекин на огнот меѓу израелската војска и палестинското движење Хамас стапи на сила денеска. Прекинот на огнот беше договорен во пресретн на индиректните мировни преговори во Каиро, каде се очекува да биде постигната спогодба за да се спречи натамошното насилство.
Сепак, ситуацијата на терен е многу кревка, разликите меѓу двете страни се исклучително длабојки и никој не може со сигурност да каже дали примирјето ќе потрае.
Хамас инсистира Израел и Египет да ја укинат блокадата на Појасот Газа, додека израелските власти велат дека не се подготвени да ја отворат границата додека Хамас не се разоружа.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот со кој се овозможува да бидат издвоени дополнителни 225 милиони американски долари од американските даночни обврзници за поддршка на израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“.
Овој систем се покажа како исклучително ефикасен од почетокот на обновените судири меѓу Израелците и Палестинците, овозможувајќи му на Израел да ги пресретне и уништи сите речиси сите ракети што Хамас ги упати кон израелска територија.
Слично
