Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЛОВ НА ТЕРОРИСТИ: Ќе ги проверуваат меѓународните возови

ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЛОВ НА ТЕРОРИСТИ: Ќе ги проверуваат меѓународните возови

Три земји ќе прават проверка на меѓународните возови. 

Белгија, Велика Британија и Франција синоќа направија спогодба за создавање работна група, која ќе го подготви воведувањето заеднички проверки на патниците на меѓународните возови меѓу трите држави. 

Ова го објавија белгиските медиуми и додаваат дека работата на групата ќе заврши до март месец. 

Првенствено идентитетот на патниците во возовите, кои го поврзуваат Брисел со Лондон и Амстердам ќе биде проверуван во заедничката база на податоци. Европската унија веќе го воведе системот за складирање и обработка на податоци за патниците во авионите. Оваа одлука на белгиските, француските и британските власти е своевидно проширување на тој систем. Целта на проверките на патниците во возовите е мерка во борбата против тероризмот.

Слично

Поврзани вести