Три земји бараа прекин на огнот во Појасот Газа
Франција, Египет и Јордан побараа прекин на огнот на Блискиот Исток.
Tие реагираа до Советот за безбедност на ОН. Земјите предложија резолуција во која се повикува Советот за безбедност да се заложи за решавање на овој проблем.
Размената на оган помеѓу Изрел и Хамас не запира. Се зголемува бројот на загинати Палестинци, меѓу кои се повеќе се деца.
Инаку, Советот на вчера одражниот четврти по ред итен состанок за само неколку денови за израелско - палестинскиот судир не усвои заедничко соопштение.
Според дипломатски извори, САД и натаму веруваат дека тоа нема да придонесе за смирување.
Четири ракети се истрелани од Либан кон Израел, по што израелската армија возврати.Канцеларијата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска соопшти дека Египет ќе издвои 500 милионби долари за обнова на Појасот Газа. Исто така предвидено е и египетски компании да учествуваат во обновата на Појасот Газа.
