Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три тинејџерки вратени дома, сакале да и се придружат на Исламската држава!

Три тинејџерки вратени дома, сакале да и се придружат на Исламската држава!
Три американски тинејџерки биле запрени на аеродромот во Франкфурт и вратени дома, бидејќи се претпоставува дека се обидувале да стигнат до Сирија и да и са приклучат на џихадистичката Исламска држава. Девојките веќе биле вратени дома кај нивните семејства во Денвер, Колорадо. Станува збор за две сестри од сомалиско потекло, стари 15 и 17 години, и едно девојче на возраст од 16 години по потекло од Судан. Сомалиското семејство изјавило дека девојчињата сами купиле авиобилети. Една од сомалиските сестри им кажала на властите дека сакале да одат на школување во Турција. Но, девојчињата во Денвер биле прогласени за исчезнати во петокот кога не се појавиле на училиште. Родителите биле известени дека тие не дошле на настава, а таткото на девојчето од Судан открил дека го нема пасошот на неговата ќерка и дека му недостигаат околу 2.000 долари.
Слично

Поврзани вести