Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три референдуми овој викенд во Швајцарија за прашања кои „не значат живот“

Три референдуми овој викенд во Швајцарија за прашања кои „не значат живот“

Во Швајцарија, земја позната по голем број на референдуми и изјаснување на грашаните за прашања од се и сешто, в недела ќе се гласа масовно по три иницијативи кои, сепак, не се „од животно значење“, но секако би можеле да гоп подобрат секојдневието.

За првото прашање еко-активистите собраа 100.000 потписи, а се однесува на праведно производство на храна , кое во предвид ќе го зема и доброто на животните , како и против фрлање вишоци на храна. Вториот референдум протежиран од земјоделците се однесува окрупнувањето на производството на храна , со кој би им се дала поголема поддршка на малите и средни фарми во Швајцарија , а во него се предлага и забрана за употреба на ГМО технологија.  Владата го иницираше третиот со кој сака да се консултира со граѓаните за статусот на велосипедските патеки , односно длаи тие да бидат еднакво третирани со пешачките и планинарските патеки.

Во Швајцарија на референдум се излегува за се и сешто - од ограничување на менаџерските бонуси, носењето бурки па до телевизиските претплати и уставната дефиниција на бракот, но често нема доволна излезност, односно не се постигнува цензус, а и резултатите се неизвесни која опција ќе надгласа.


Слично

Поврзани вести