Три причини зошто снимките на Зеленски помагаат Украина да ја добие пиар војната со Русија
Како да се работи за акционен филм и додека главниот град станува воена зона, пркосниот претседател гледа во камера и праќа јавна и навредлива порака „Тука сум. Нема да го положиме оружјето“. Токму тоа го направи украинскиот претседател и поранешен актер, Влодомир Зеленски на 25 февруари 2022 година. Селфи видеото имало 3 милиони прегледи за еден час, а тоа е со цел да се мобилизира меѓународната заедница во борба против руската агресија, пишува Индекс.хр.
И се чини дека неговите настојувања делуваат. Комичарот кој стана политичар е заслужен за тоа што европските челници преземаа мерки кои недела дена претходно се сметаа за незамисливи, посебно за испраќање на германското оружје во Украина.
Но, што е тоа што во неговите видео записи придонесе за обединување на страната на Украина, а против Русија.
Стручњаците за дигитални платформи за социјалните мрежи, велат дека има три причини.
Прва причина е автентичноста на пораките. Видеото снимено на 25 февуари, покажува како Зеленски и членови на Владата говорат во камера под улично светло во Киев, без никаков наслон од кој тој би го читал текстот. Во еден момент, украинскиот премиер Денис Шмихал, кој стоеше зад Зеленски, ја покажа временската ознака на својот мобилен телефон како доказ за времето на снимање на видеото. „Ние сме овде, војниците на нашата земја се овде, граѓаните на нашата земја се овде“, порачаа.
Тактиката за автентичност ја користеа Барак Обама и Доналд Трамп за да добијат повеќе следбеници. Зеленски сега има 13.5 милиони следбеници и успеа да со сврти светот на страната на Украина.
Друг фактор е споделувањето на социјалните мрежи. Пораката на Зеленски за сплотеност на неговиот народ и чувството на солидарност допре до многу луѓе во светот.
Трет фактор е непосредноста на пораките. Апелот на Зеленски за помош додека паѓаат бомби е толку итен и не може да биде поитен. Сето тоа милиони луѓе ги претвори во негови регрути, со цел да се зголеми притисокот на меѓународно ниво за помош.
Пораките на Зеленски се клучни и создаваат онлајн војска.
