Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ НАГРАДИ ЗА СИНOT НА КАДИРОВ: Чеченецот кој тепаше руски затвореник се закити со признанија

ТРИ НАГРАДИ ЗА СИНOT НА КАДИРОВ: Чеченецот кој тепаше руски затвореник се закити со признанија

Чеченецот кој тепаше Русин и објави видео од тепачката, доби награди. Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров „заработи“ три награди од Русија зашто претепал затвореник.

Адам Кадиров доби уште една награда од руски официјални лица за претепување на затвореник кој запалил копија од Куранот. Кадиров ја доби третата државна награда за „јакнење на традиционалните исламски вредности“.

Рашид Темрезов, шеф на руската Република Карачај-Черкесија, во средата му ја врачи највисоката државна награда на Адам Кадиров за неговиот „личен придонес во развојот на меѓуетничкото и меѓурегионалното единство“. Темрезов го пофали младиот Кадиров дека е „вистински патриот на неговата мала татковина Чеченија“.

Ова е трета награда што Адам Кадиров ја добива поради инцидентот, а првата е титулата „Херој на Чеченската република“ која ја доби од неговиот татко. Рустам Миниханов, шеф на руската република Татарстан, потоа му ја додели државната награда „Дуслик“ (што значи „пријателство“ на татарски) на младиот Кадиров претходно месецов.

Адам го тепаше Никита Журавел, кој со денови е во притвор поради палење на Куранот. 

Чеченскиот лидер палењето на Куранот го нарече провокација. Журавел е уапсен во Волгоград поради чинот на палење на Куранот пред џамијата. Инспекторите рекоа дека тој признал дека тоа го направил за пари по налог на украинските специјални служби. Покрената е кривична пријава за навреда на чувствата на верник кој бил предаден на чеченските инспектори. 

Инаку, чеченски војници неодамна извршија масакр во украински град кој е под руска окупација. Тие убиле девет лица затоа што не сакале да им ја отстапат куќата.

Слично

Поврзани вести