Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три милиони јапонски автомобили се повлекуваат од пазарот

Три милиони јапонски автомобили се повлекуваат од пазарот
Три милиони јапонски возила од марката Тојота, Нисан и Хонда ќе бидат повлечени од светскиот пазар, поради проблеми со системот на воздушните перничиња, произведени од страна на „Takata Corp“. Постои опасност дека воздушните перничиња во возилата од 2000 и 2004, не се активираат како што тоа е предвидено, заради можна грешка на ниво на системот за надувување,соопшти денеска Министерството за сообраќај на Јапонија. Според министертсвото во светот такви возила има 2,92 милиони, додека податоците на произведуводителот говорат дека  тие се 3,3 милиони. Тојота ќе работи на поправка на 1,73 милиони возила: 320.000 во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа и 340.000 во останатиот дел од светот, изјавуваат од компанијата во Токио. Хонда ќе повлече 1,140 милиони возила на глобално ниво, додека Нисан над 137,000.
Слично

Поврзани вести