Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tри милиони Бугари и Романци во 2012 емигрирале во друга држава во ЕУ

Tри милиони Бугари и Романци во 2012 емигрирале во друга држава во ЕУ

До почетокот на 2012 година, вкупно три милиони Бугари и Романци се преселиле во друга држава во ЕУ, се вели во податоци на ЕК кои ќе бидат објавени утре, јави БТА.

Комисијата наведува дека по примањето на Бугарија и на Романија во ЕУ во 2007 година, бројот на граѓани од двете држави кои се преселиле во друго место во Унијата, е многу зголемен, и во почетокот тој бил 1,4 милиони луѓе.

Вкупно 85 отсто од емигрираните Романци и Бугари бил на возраст од 15-64 години.

Тие главно се насочуваат кон Италија, Шпанија, Германија, Велика Британија, Франција, Унгарија, Грција и Австрија.

Слично

Поврзани вести