Три лица се повредени во воз во Германија откако маж ги нападнал со нож
Во Баварија во Германија, утрово маж со нож ги нападнал патниците од возот и повредил неколку од нив.
„Билд“ објави дека се повредени три лица, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди. Напаѓачот е уапсен. Полицијата добила дојава за инцидентот околу 9:20 часот и дека возот потоа бил запрен во близина на населбата Сеуберсдор.
Вчера имаше обид за напад пред болница во Мадрид. Полицијата го уби мажот кој со нож се закануваше на минувачи.
Слично
