Три илјади терористи ја напуштиле Сирија поради операцијата на Русија
Три илјади терористи од „Исламска држава" и други екстремистички организации ја напуштиле Сирија во насока кон Јордан поради обновената офанзива од сириската армија, поддржана од руски воздушни напади. Тоа го изјавил воен претставник за новинските агенции.
„Најмалку 3 илјади екстремисти од „Исламска држава“, „ал Нусра“ и „Джаиш ал Јрмук“ заминале кон Јордан. Тие се плашат од преземените активности од сириската армија на сите фронтови и од руските воздушни напади“, појасни изворот.
Претставникот додал дека во неделата сириската армија спровела неколку напади врз „Исламска држава“ и „Фронтот ал Нусра“ во предградија на Дамаск, а исто така и во провинции во Дизер и Хомс.
Во Дизер 160 екстремисти се убиени при напад на армијата, чија цел биле екстремистите од неколку региони.
Сирискиот информативен министер Омран ал Зубин најавил дека руската воена операција испровоцирала силна реакција од терористичките групи.
Руските воздушни напади доведоа до остри пораки од терористички групи и нивните поддржувачи. Во исто време терористичките групи ништо не рекоа, кога коалицијата предводена од САД ја спроведуваше операцијата, истакнал министерот. Според него американските напади не се ефикасни.
