Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ДРЖАВИ ДОНЕСОА СУВЕРЕНИ ОДЛУКИ - Вашингтон се огласи околу забраните за прелет на авионот на Лавров

ТРИ ДРЖАВИ ДОНЕСОА СУВЕРЕНИ ОДЛУКИ - Вашингтон се огласи околу забраните за прелет на авионот на Лавров

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прашање на Гласот на Америка коментираше дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.

„Ова беа суверени одлуки за воздушниот простор на тие три суверени држави, кои ја одразуваат решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност за неоправданата инвазија на Украина, што е без причина. Ја повикуваме Србија да се фокусира на својата цел за членство во ЕУ, вклучително и да ја усогласат својата надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, рече Прајс, а пренесе „Гласот на Америка“.

„Според него, одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина. „Ја повикуваме Србија да се држи до европскиот пат, вклучувајќи ја и надворешната политика согласно ЕУ“, рече Прајс.

САД ја повикуваат Србија да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече Прајс на денешниот брифинг на Стејт департментот.

„Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“, рече Прајс.

Слично

Поврзани вести