Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три држави бараат специјален суд кој ќе им суди на одговорните за злосторствата во Украина

Три држави бараат специјален суд кој ќе им суди на одговорните за злосторствата во Украина

Естонија, Летонија и Литванија бараат Европската Унија(ЕУ) со меѓународните партнери да формира специјален суд кој ќе се занимава со војната во Украина. 

Бараат виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.

„ЕУ мора да дејствува за да се осигура дека потрагата по правда и одговорност за ужасните злосторства на Русија во Украина е во срцето на нашата политика“, наведуваат во заедничката изјава  трите земји. 

Во најновите руски напади во Украина има најмалку седум загинати, меѓу кои и брачна двојка која го чекала своето прво дете. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември ги повика Обединетите нации(ОН) да формираат специјален суд кој ќе ја смета Русија одговорна за злосторствата извршени во војната против неговата земја. Поранешната хашка обвинителка, Карла дел Понте бараше рускиот претседател Владимир Путин да биде уапсен за воени злосторства. Војната трае скоро 7 месеци. 

foto Twitter Volodimir Zelensky

Слично

Поврзани вести