Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ДЕЦА ИЗВЛЕЧЕНИ, ГИ БАРААТ ДРУГИТЕ: Се сруши ученички дом во Романија (ФОТО)

ТРИ ДЕЦА ИЗВЛЕЧЕНИ, ГИ БАРААТ ДРУГИТЕ: Се сруши ученички дом во Романија (ФОТО)

Ученички дом на средното училиште Тамаси Арон во Одореи Секуеску, Романија попладнево се урна. Спасувачките екипи се на терен.

Се сомнева дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализациона мрежа.

Според портпаролката на градскиот совет, Зорга Ноеми, работите за приклучување на канализационата мрежа се вршеле во училишниот двор, што можеби влијаело на изградбата на објектот.


- Во училишниот двор се вршеа мрежно поврзување. Можно е работите да се вршеле под темелот на објектот и да влијаеле на градбата - рече Зорге.

Се вели дека спасувачите досега извлекле тројца ученици. Лекарите се борат за живот на повредено лице.

„До овој момент извлечени се три лица, едното беше свесно, другото полусвесно, а третото беше во тешка состојба. Тие се пренесени во општинската болница. Децата се на возраст од 16 и 17 години“, изјавија од спасувачката служба.

Локалните медиуми јавуваат дека се урнал дел од училиштето од 200 метри квадратни. Пожарникарите се на терен.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести