Три четвртини од европјаните годинава планираат да одат на летување
Вкупно 41% од европјаните кои планираат годинава да одат на годишен одмор, како место за рекреација одбрале некои од домашните туристички дестинации, покажува истражувањето на Евробароетар.
Според анализата која ја објави Ал Џезеира Балкан, моменталната економска состојба ќе влијае на изборот на дестинации на 34% граѓани на Европската унија кои планираат да патуваат, а оваа година три четвртини граѓани на ЕУ планираат некаде да отпатуваат за годишен одмор. „Перспективата на приходите во туристичкиот сектор за стопанството во целина ветува“ изјави за АФП европскиот комесар за туризам Антонио Тајани.Моменталната економска состојба ќе влијае на изборот на дестинации на 34 проценти граѓани на ЕУ, кои планираат патување во текот на годишниот одмор.
Поради тоа, 42% соговорници кои планираат патување во време на годишниот одмор имаат намера на пат да поминат од пет до 14 дена. Само 48% граѓани на Малта изјавиле дека ќе патуваат за годишен одмор, а дури 91% Германци и 90% Австријци. Оваа година 27% граѓани на ЕУ кои летувањето ќе го поминат надвор од дома, ќе се одлучат за некоја дестинација во својата земја, а 18% надвор од Унијата. Најомилени европски дестинации се Шпанија, Италија и Франција.Минатата година дури 71% граѓани на ЕУ имале можност да патуваат, било поради деловни или пак од приватни причини. Анкетата во која биле вклучени околу 30.000 испитаници спроведена е кон крајот на јануари во 27 држави на ЕУ и уште седум држави кои не се членки на Унијата
Слично
