ТРГОВСКАТА ВОЈНА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Увозот на Кина од САД стрмоглаво паѓа
Увозот на производи од САД во Кина опаднал во јули за 19 отсто во однос на јули минатата година, бидејќи трговската војна со Вашингтон се зголемила.
Царинските податоци за тоа се објавени денес.
Сепак, јулскиот пад е речиси за половина помал од јунскиот кога намалувањето на увозот на американските производи во Кина бил дури 31,4 отсто.
Извозот на производи од Кина во САД во јули паднал за 6,5 отсто.
Пекинг со казнени мерки и запирање на купувањето американска соја и други производи се одмаздува за зголемување на царинските тарифи на кинеските производи во САД со кои е во спор околу трговијата и технологијата.
Американскиот претседател на САД Доналд Трамп минатата недела се закани дека казнените царини ќе ги прошири на уште производи кои се увезуваат од Кина, во вредност од 300 милијарди долари.
