ТРГОВСКА ВОЈНА: Русите враќаат од граница турски камиони, депортирани и туристи
Русите на граница враќаат многу турски камиони и детелно ги прегледуваат.
Од царина поголемата количина на роба што доаѓа од Турција се враќаат назад поради тоа што не одговарале на рските стандарди и прописи.
Разни инспекции ги прегледуваат и турските компании во Турција.
Ова следува откако вчера претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет за воведување економски санкции против Турција, како одговор на соборувањето на рускиот воен авион.
Санкциите подразбираат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски компании, како и забрана за увоз на одредена стока, без да биде прецизира која, соопшти Кремљ. Исто така на одредени турски компании ќе им биде забрането да соработуваат со Русија.
Од Краснодарск се депортирани 39 Турци поради „проблеми со руските миграциски власти”, а според некои извори дел од турските туристи не се пуштени во Русија, пренесе Newsweek.
Слично
