Трговците во САД тријат раце од „Thanksgivukkah“!!!
За прв пат по најмалку еден век оваа година пранзиците Ханука и Денот на благодарноста се совпаѓаат.
Трговците во САД со радост го примаат совпаѓањето како повод за предлог на комбинирани мениа, сувенири и нај различни стоки за двојниот празник, кој веке го нарекоа Thanksgivukkah.
Не недостасуваат ниту некои чудни комбинации, како што е мисирката во саламура од кошер – вино, топчиња од благи компири со бурбон, евреиски леб со јаболка и ораховки.
Во предградието Тијнек во Њу Јорк каде живее голема еврејска заедница трговците тврдат дека совпаѓањето на двата празника им носи поголема од вообичаената продажба.
Џо Година кој поседува ресторан за кошер храна тврди дека оваа година продажбата му пораснала за 20% благодарение на комбинираните мениа кои ги нуди. Но не сите одлчиле двата празника да ги прослават заедно, продавачите на евреиски сувенири, ги празнуваат одделно.
Дури и оние кои не го празнуваат денот на благодарноста и други светски празници се заинтересирани за поклопувањето.
- Убаво е зошто е различно, вели 28 годишна терапевтка од ЊуЈорк, Чана Гледзалер.
Американците ги користат социјалните мрежи за да ги споделат идеите за тоа како да биде прославен двојниот празник. На YouTube има изобилство од видеа со идеи за декорирање. На Pinterest пак се објавуваа различни мениа. Се разбира , Twitter не изостанува од случувањата - (Thanksgivukkah).
Поради реткото совпаѓање на двата празника Џени Ривлин, сопственичката на порталот за евреиски подароци ModernTribe, едвај успева да ги обработи сите порачки. Минатата недела таа продала 4500 тениси со надпис: Thanksgivukkah 2013: 8 days of Light, Liberty and Latkes. Во моментот 70% од продажбата на сајтот се работи поврзани со Thanksgivukkah, вели Ривлин.
Ханука го одбележува традиционалното масло користено за поддршка на огнот во осум дена во Храмот во ерусалим во време на востанието за време на власта на селевкидите. Во знак на почит евреите јадат мрсна пржена храна. Вообичаено Ханука се слави во Декември.
Според Џастин Топилоу, потпретседател на 40 North Industries во Њу Јорк, за последен пат пред оваа година Ханука и Денот на благодарност се совпаднале во 1888г. и 1899г. Следниот Ден на балагодарноста кој ќе се совпадне со првата вечер на Ханука ќе биде во 2070 година.
K.K.

Слично