Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрговците со деца засолниште бараат во Њу Делхи

Tрговците со деца засолниште бараат во Њу Делхи

Во Индина 13,9 милиони луѓе се жртви на принудна работа, а само лани таму се киднапирани 38.000 жени и деца.

Десетици илјади деца годишно се жртви на трговијата со луѓе на југот на Азија, а Њу Делхи стана засолниште за криминалци кои продаваат девојчиња за да станат проститутки, ефтина работна сила или присилно да се омажат.

Пред два месеца, еден трговец со луѓе измами семејство од истокот на Индија тврдејќи дека на најмалата ќерка на која и требала медицинска помош, ќе и помогне да дојде во Делхи. Девојчето го одвел во едно оддалечено село, таму ја чувал против нејзина волја, а потоа ја продал за 900 долари на нов маж.

Успеала да побегне и во полициската станица прво го избришала знакот кој на чело го носат сите мажени жени.

- Ден и ноќ се плашев, не знаев што уште ме чека. Ја заклучуваше вратата и ми правеше сешто – изјавило девојчето.

Злосторство без казна

Во Индија, земја во која живеат речиси половина робови кои денес постојат во светот, нејзиниот случај е секојдневна приказна. Глобалниот индекс на робови објавен минатата недела, наведува дека во Индија 13,39 милиони луѓе се жртви на принудна работа.

Делхи е на лош глас кога се работи за црниот пазар за киднапирани жени и деца, кој постојано се шири.

Според официјалните податоци, околу 38.000 жени и деца се киднапирани минатата година, што е пораст од 15 отсто во однос на претходната година.

Кога ќе ги донесат во главниот град на Индија, ги продавааат за проституција, ропска работа и се почесто присилно да ги омажат. За присилно мажење најчесто ги праќаат во северните индиски држави каде владее диспропорција во бројот на мажите и жените.

Навин Харо, од истокот на Индија, ни изјави дека неговата 13 годишна ќерка била киднапирана на патот од училиште до дома, а по седум дена ја нашле мртва во Делхи.

Таткото отишол во главниот град не ни помислувајќи дека ќерката ќе ја врати во ковчег.

- Мора нешто да се преземе. Денес тоа е моето дете, утре ќе биде некое друго. Ако ова не го спречиме, ќе продолжи. Мора итно да се спречи – вели Навин Харо.

Во форензичкиот извештај се наведува дека девојчето умрело од природна смрт, од последици од маларија, па полицијата нема процедурална причина да го истражува нејзиниот случај.

Четиримесечно ропство

Осумнаесетгодишна девојка која сега се наоѓа во Делхи во болница со завој околу главата, вели дека четири месеци била жртва на најстрашна принудна работа.

Нејзината шефица во напади на гнев и ја корнела косата, ја удирала по глава, ја тепала со колан и ланци додека работела како домашна помошничка во еден реномиран дел на Делхи. Деновите ги поминувала заклучена во соба, никогаш не примала плата, не смеела да користи телефон, ниту да разговара со било кого. Левиот образ и градите на девојката се покриени со лузни.

Приказната на оваа девојка се најде на насловните страни на весниците во Њу Делхи, бидејќи од ропството ја спасиле полицајци и социјални работници, кои велат дека во тој момент била избодена со ножеви и дека ја гризале кучиња.

Во форензичкиот извештај се наведува дека девојчето умрело од природна смрт, па полицијата нема процедурална причина за истрага. Девојката од истокот на земјата дошла во главниот град да бара работа, да може да го помага своето сиромашно семејство, а за себе да обезбеди пристоен живот. Работела преку агенција во неколку куќи, додека не завршила кај сегашната работодавачка. Овој случај е во судска процедура, а работодавачката ги негира наводите од обвинението.

Стапката на процесуирање на ваквите кривични дела во Индија е многу ниска.

- Криминалот не познава надлежност и граници меѓу државите. Затоа е неопходно поврзување, создавање на мрежа на агенции кои на ниво на цела Индија ќе поработат на овој проблем. Тогаш ќе имаме попрецизни информации за трговците со луѓе и врз основ на тие информации ќе ја истражиме раширеноста на криминалот, од изворот до крајните дестинации – вели Бамати, експерт по прашањето за трговија со луѓе и поранешен висок функционер на индиската Влада.

За десетици илјади исчезнати никогаш ништо не се дознава.

Извор: Миа

Слично

Поврзани вести