ТРЕВОГА ВО БРИСЕЛ: Полицијата опколи маж со палто од кое висат жици
Полицијата во Брисел попладнево опколи маж со сомнителен изглед и однесување.
Тој носи долго палто од кое штрчат жици, пренесува BBC.
Големата полициска операција се одржува крај плоштадот „Плаза де ла Моне" во центарот на белгискиот главен град.
Продавниците се евакуирани и неколку улици се затворени.
На местото има пожарникари, повикан е и тим за отстранување на бомби.
Полицијата тврди дека осомничениот е „под контрола", но уште не е уапсен.
Инцидентот се случува ден пред Националниот ден на Белгија, а безбедноста во главниот град е засилена поради славењето.
Слично
