ТРЕТОТО ДЕТЕ ВЕРОЈАТНО Е ВО ГАЗА: Новинарка ги спаси двете деца на колегата кого Хамас го уби
Новинарка ги спаси децата на нејзин колега кого палестинската група Хамас го уби.
Илана Куриел ги спасила двете деца на својот пријател откако терористите на Хамас ја нападнале неговата куќа.
Мајкл (8) и Амалија (6), децата на фоторепортерот Рој Едан, со часови биле забарикадирани во плакарот со телото на нивната мајка кога успеале да се јават на тетка им, вујкото и во полиција за да кажат дека нивните родители се убиени.
„За среќа, децата беа снаодливи. Тие можеа да му се јават на братот на Рој кој контактираше со специјалната единица командоси“, изјави таа за Фокс њуз во четвртокот.
Куриел, репортерка на израелскиот медиум на англиски јазик „Инет“, изјави за „Сан“ дека Едан, со кого соработувала со години, не одговарал на нејзините пораки на денот кога Хамас почна со напади врз израелските цивили.
„Слушнав дека неговата сопруга најверојатно била убиена и дека неговите две деца се забарикадирале во неговата безбедна соба. Не бев сосема сигурна дали децата се живи или мртви… Решив да побрзам таму, надевајќи се дека барем две од неговите деца се живи“, рече таа.
За да ги спаси децата, вели дека го поминала „патот до пеколот“. Благодарение на Куриел, малечките сега закрепнуваат со своите семејства. Едан ги фотографирал терористите кои доаѓаат во неговиот кибуц во Кфар Аз кога почна војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Набргу потоа, тој и неговата сопруга Смадар се мртви, а каде се наоѓа нивното трето дете – тригодишната Абигејл – останува мистерија.
„Не знаеме дали Абигејл е жива или мртва, дали има кој да ја утеши. Не знаеме ништо“, изјави Куриел за водителот на Fox News, Тод Пиро.
Се шпекулира дека терористите ја однеле Абигејл во Појасот Газа заедно со стотици други израелски цивили. Повеќе од 50 жители на кибуцот на Едан се убиени, а 20 други се водат како исчезнати. Голем број жртви има и во Појасот Газа.
фото Твитер
