Третите земји сами да одлучат за извозот во Русија
Министерството за надворешни работи на Русија оцени дека апелот на Брисел третите земји да не извезуваат земјоделски производи во Русија покажува дека ЕУ не сака да го напушти перспективниот руски пазар и изнесе уверение дека тие земји можат сами да одлучат како да се однесуваат.
Според зборовите на портпаролот на МНР Александар Лукашевиќ „очигледно е дека Брисел нема што да им понуди на своите земјоделци во смисла на реална надокнада на губитокот и затоа е неопходно да покаже загриженост на таков начин“.
Лукасевиќ во одговорот на молбата од новинарот да ја искоментира изјавата на официјално лице од ЕУ упатени на третите земји да не го зголемуваат извозот на земјоделските производи на рускиот пазар рекол дека верува дека тие земји можат сами да ослучат како да се однесуваат.
„Веруваме дека третите земји на кои Брисел им апелира можат сами да одлучат како да се однесуваат во состојбата која им нуди нови услови за соработка и ширење на пазарот, вклучувајќи го зголемувањето на извозот на рускиот пазар“, рекол Лукашевиќ.
Тој оценил дека „во Брисел каде сакаат да зборуваат за слободна конкуренција во трговско економските односи, веројатно не би се откажале од таквите прилики“.
„Зад повикот на „обединетите светски заедници“ по украинското прашање и нестабилни аргументи во областа на меѓународното право јасно се видливи исклучиво комерцијалните причини на Брисел и желбата фактички да резервира дел на пазарот и да ја спречи конкуренцијата на другите добавувачи“, навел Лукашевиќ.
Портпаролот на руското Министерство рекол дека Москва има намера активно да работи на проширувањето на пазарните и економски односи со нашите партнери, посебно во Азија и Латинска Амерка и високо да ја цени нивната подготвеност за тоа.
Русија неодамна забрани увоз на прехрамбени производи од земјите членки на ЕУ, а после тоа Брисел побара од третите земји да не ги користат руските санкции како би го зголемиле увозот на своите производи во Русија.
