Третина од убиените во Ница се муслимани
Една третина од убиените во нападот во Ница се муслимани.
Бројот на повредените во нападот достигна 308. Најмалку една третина од луѓето убиени во Ница минатата недела, кога терорист со камион газеше луѓе за време на прославата на националниот празник на Франција, биле муслимани, пишува „Њујорк тајмс", цитирајќи локална исламистичка организација.
Портпаролка на Сојузот на муслиманите во Алп-Маритим рече дека за најмалку 30 од жртвите биле организирани муслимански погреби.
Париското обвинителство изјави дека веќе се препознаени сите 84 лица убиени во нападот, за кој одговорноста ја презеде групата „Исламска држава". Тоа значи дека загинатите муслимани може да се дури и повеќе.
Слично
