TРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: 4 земји во кои е најризично дека ќе избие битка
Оваа година донесе светски предизвици, како борба против тероризмот кој беснее ширум Блискиот исток и Северна Африка, со жариште во Сирија, Ирак и Либија. Дополнителен проблем е мигрантската криза која бегајќи од воените жаришта ја преплави Европа. Освен тоа се уште не е решен проблемот меѓу Украина и Русија, а заострени се односите и меѓу Турција и Русија.Јазот измеѓу НАТО од една страна и РУсија и Кина од друга, се чини е се поголем.
Експертте тврдат дека геопотиличката ситуација е напната и светот е на работ на уште една војна. Се почесто се зборува како регионален судир станува глобален конфликт, а многу експерти го користат и терминот „Трета светска војна”.
Eве на кои места во светот би можело да има воени жаришта.
- Блиски исток
Ситуацијата на Блиски исток е конфузна и комплексна и со голем број на играчи – Исламската држава, Ирак, Сирија, Палестина, Израел, Иран, Саудиска Арабија – кои сите ги застапуваат сопствените интереси, па судири се секогаш први на видик во овој регион.
- НАТО-Русија
Пред Русија да ги започне воздушните напади против Исламската држава во Сирија, главна тема за односите меѓу Русија и Запад беше украинската криза.
Сепак, експертите сметаат дека во сржта на судирот лежи тежнеењето на НАТО да се прошири на Исток, на што Русија се противи.
НАТО тврди дека ја штити Источна Европа, особено балтичките земји од руска закана, а Москва вели дека ја штити руската популација, која по распадот на СССР по грешка завршила надвор од матичната земја.
Прашање е само која би можела да биде земјата или регионот на која интересите на НАТО и Русија ќе се судрат и ќе доведат до нова војна.
- Кина – Америка
Економскиот и воен раст на Кина го промена балансот на моќ во Азија, што го привлече интересот на САД во овој регион, посебно во Јужно кинеско море, кое е стратешки важна територија богата со нафта.
Кина пак, сметака дека неа и припаѓа цело Јужно кинеско море, што е можност за друг конфликт.
- Северна Кореја
Изолираната земја Северна Кореја и нејзиниот лидер Ким Јонг Ун со години се закануваат со нуклеарно оружје, а и најголемиот дел од буџетот земјата го троши за вооружување. Судирите меѓу Северна и Јужна Кореја се вообичаена појава, и иако сите завршиле на преговарачка маса, никој не е сигурен дека судирите нема да се решаваат на бојно поле.
