TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот
Европски град е прогласен за најдобар град за живеење во светот.
Трета година по ред, австриската престолнина Виена е прогласена за најпогоден град за живеење во светот, покажуваат резултатите од најновиот годишен глобален индекс на услови за живот на Економист интелигенс унит (EIU).
По Виена, која има просечна оценка 98,4 од максимални 100, следат Копенхаген (98), Цирих (97,1), потоа Мелбурн (97), Калгари и Женева (96,8).
Покрај Мелбурн, уште три азиско-пацифички града се меѓу првите десет: Сиднеј (Австралија), Осака (Јапонија) и Окланд (Нов Зеланд), додека канадскиот Ванкувер е на осмото место.
Конфликтот на Израел со Хамас резултираше со Тел Авив да има најголем пад во рангирањето, од 20. на 112. место.
Најголем пораст на поени забележаа градовите во ОАЕ (Абу Даби, Дубаи) и Саудиска Арабија (Ријад, Џеда и Ал Хобар).
Во тој регион има и градови кои се најмалку погодни за живеење: Алжир, Триполи (Либија) и Дамаск (Сирија).
Индексот ја рангира животната состојба на 173 градови во пет клучни категории, вклучувајќи стабилност, здравство, култура и животна средина, образование и инфраструктура.
foto Wikipedia/Gryffindor
