ТРЕТ ИНЦИДЕНТ ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА НЕДЕЛА: Пукано е кон еврејско училиште во Канада
Се случи уште еден напад врз еврејско училиште во Канада. Ова е трет инцидент за помалку од една недела.
Повторно е пукано кон еврејско училиште во Монтреал. Нема повредени, но оштетена е фасадата на „Јешива Гедолах“. Траги од куршуми и чаури се пронајдени откако жителите слушнале пукотници рано во неделата, објави CBS News во Канада.Две други училишта во Монтреал објавија дека пронашле дупки од куршуми на нивните влезни врати во четвртокот наутро, објавија локалните медиуми. Не е јасно дали инцидентите се поврзани.
Мајер Феиг, член на Советот на Хасидските Евреи од Квебек, вели дека престрелките во училиштата имаат за цел да го заплашат еврејското население.
На почетокот на месецов, Еврејка беше избодена во францускиот град Лион.
foto Twitter
Слично
