Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трет ден протести пред турската амбасада во Москва

Трет ден протести пред турската амбасада во Москва

Трет ден продолжуваат протестите пред зградата на турската амбасада во Москва. Русите протестираат против политиката на турските власти, како резултат на кој рускиот авион Су-24 беше соборен над Сирија.

Денес пред зградата имаше неколку десетици лица кои носеа транспаренти во црна боја. Тие пуштиле десетици црни хартиени балони кон зградата. Еден од организаторите на акцијата соопшти дека тие ја претставуваат партија „Татковина“.

Улицата која се наоѓа крај зградата на турската амбасада, е затворена од полицијата и е поставена железна ограда. Околу зградата на амбасадата има засилена полициска заштита, вклучувајќи и борци на специјалните полициски сили „Омонија“.

На металните огради висат стотици оставени плакати од Русите со натписи како: „Ајнштајн е неизбежен“, „Долу рацете од Сирија“ и „Турција, ќе останеш без гас“.

На територијата на амбасадата продолжува расчистувањето на стакла, лушпи од јајца, домати и камења, кои останале по вчерашната протестна акција.

Турски борбени авиони го собориле рускиот авион Су-24 кој според Анкара го нарушил воздушниот простор на земјата. Руското Министерство за одбрана изјавило дека авионот се наоѓал во сирискиот воздушен простор и не навлегувал над турска територија. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот авион „удар во грб“ и предупреди дека нападот ќе има сериозни последици за односите помеѓу Москва и Анкара.

Слично

Поврзани вести