Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕБАЛО ДА ГО ДЕПОРТИРААТ ОД БЕЛГИЈА: Какви детали открија властите за мажот кој изврши напад во Брисел?

ТРЕБАЛО ДА ГО ДЕПОРТИРААТ ОД БЕЛГИЈА: Какви детали открија властите за мажот кој изврши напад во Брисел?

Терористот кој синоќа го изврши масакрот во Брисел е по потекло од Тунис. Тој поднел барање за азил во Белгија во ноември 2019 година, но властите го одбиле. 

Човекот, наводно е осуден во Тунис за обичајно дело, а не за тероризам, како што претходно објавија различни медиуми.

Тунижанецот никогаш не престојувал во прифатен центар, па не можел да биде лоциран ниту за принудно враќање.

Во март 2021 година е изготвен налог за депортација од Белгија, но бидејќи не можеле да го лоцираат, барањето никогаш не му било доставено.

Се претпоставува дека терористот пристигнал во Белгија во 2016 година, кога полицијата утврдила дека сака да се врати и да се бори за џихад.

Абдесалем Ласуд (45) во понеделникот вечерта во центарот на Брисел уби двајца шведски државјани и рани уште едно лице.

„Лицето и е познато на полицијата по сомнителни дејствија, шверц на луѓе, нелегален престој и како закана за државната безбедност“, пишуваат белгиските медиуми.

Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден.

Таа беше евакуирана и во саботата исто така поради дојава за поставена бомба.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа се соочува со оживување на исламскиот тероризам и дека „сите европски земји се ранливи“. 

Минатата недела во францускиот град Арас, млад човек по потекло од руската република Ингушетија уби професор и повреди две лица во училиште.

Слично

Поврзани вести