ТРЕБАЛО ДА БИДЕ АДВОКАТ, А СТАНАЛ КОМИЧАР: Кој е Влодомир Зеленски?
Украинскиот претседател, Влодомир Зелебски е роден на 25 јануари1978 година во Кривји Рих во јужна Украина. Тој е политичар, сценарист, глумец, комичар, режисер и шестиот претседател на Украина.
Кога бил мало дете, неговото семејство се преселило во Ерденет, Монголија, четири години пред да се врати во Кривји Рих, каде Зеленски се запишал на училиште. Во 2000 година станал дипломиран правник, но се насочил во други води.
Иако Зеленски имаше лиценца за адвокатура, неговата кариера веќе беше тргната во друга насока. Додека бил студент, тој станал активен во театарот и тоа ќе му стане примарен фокус.
На 21 април во 2019 година, Зеленски беше избран за претседател на Украина со импресивни 73 отсто од гласовите. Потоа рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата одлука да им понуди руски пасоши на украинските граѓани во областите на источна Украина под контрола на сепаратистите.
Познато е дека татко му на Зеленски, Александар е професор на економскиот факултет, а мајка му Рима работела како инженер.
Зеленски во 2003 година се ожени со својата љубов од средно училиште, а според тамошните медиуми станува збор за љубов на прв поглед.
Влодомир и Олена Зеленски се родени во ист град, учеле во исто училиште, но не се познавале како деца. Имаат ќерка на возраст од 18 години.Олена Зеленски има само 44 години и моментално е најмладата прва дама на Украина. Не само нејзината возраст се разликува од нејзините претходници, туку и нејзиниот стил на облекување.
Зеленски вчера побара ЕУ да ја прими Украина во европското семејство.
